Силен земјотрес во Иран во близина на нуклеарна централа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Земјотрес со интензитет од 5,9 по Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната иранска провинција Бупшер. Епицентарот беше кај градот Каки, релативно блиску до единствената функционална нуклеарна централа во Иран, Бушехре.

 

Американската геолошка служба УСГС наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, што е добро имајќи предвид дека „поплитките“ земјотреси обично предизвикуваат голема штета.

 

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени луѓе.

 

Потресот ги зафати и Бахреин и други региони околу Персискиот Залив. Се почувствувал и во Катар, а луѓе биле евакуирани од повисоките згради во Доха.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video