ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ повторно го блокираа патот Прилеп-Скопје

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска повторно го блокираа патот Прилеп-Скопје. Биле изреволтирани на изјавата на претставникот на државниот капитал Софија Јованоска која им кажала дека мора да чекаат уште 30 дена за да се постави нов директор на компанијата. Вработените велат дека се чувствуваат измамени, последен пат зеле плата пред 40-тина денови, а новата сега нема кој да ја потпише. Сега најавуваат повторно протести во Скопје.

 

 

„Вчера најавивме дека од понеделник  настапуваме со блокади на патишта и со одење пред Влада, но таа одлука ја сменивме и почнуваме од денеска. Причина за промена на оваа наша одлука беше телефонскиот разговор со новиот претставник на државниот капитал Софија Јовановска, која што нè извести дека била долга процедурата за именување на нов директор и дека треба да работиме уште 30 дена, па дури потоа да земиме плата. Работниците беа известени, револтирани и решивме од денеска да продолжиме со протести, сè до конечно решавање на нашава ситуација или во најкраток рок исплата на една плата, за потоа да чекаме ние 30 дена да се решава проблемот“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

 

„Вработените се чуствуваат измамени. Околу 40 дена немаме примено никакви приходи, а најавата вчерашна беше уште 30 дена да останиме без пари. Значи скоро 2 ипол месеци. Ако се вратиме назад дека од Нова Година до сега во просек немаме по 2-3.000 земено, можете да замислите до кој степен сме дојдени. Значи не да се чуствуваме измамени, туку решени сме кога веќе почнавме некој процес и в понеделник или вторник решени сме да одиме пред Влада со шатори на штрајк со глад. До толку сме револтирани што трет или четврт месец никој не сака да мрдне ни милиметар да го реши нашиот проблем. Како што слушате нè прават неработници, нè прават бандити, но и сами гледате дека некој нè лажи“, вели Цветан Бунтески, член на синкален одбор.

 

Вработените немаат земено 16 плати и не им се платени придонесите од 2012 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи