ВИДЕО – Шаховски камп во Прилеп

Шаховскиот клуб Алкалоид е организатор на шаховскиот камп кој во наредните 4 денови ќе се организира во Прилеп. На кампот учествуваат најмладите и најквалитетните членови на шаховските школи. Целта на овие кампови била да се направи иницијатива за да заживее шахот и тој да шахот добие една поголема поддршка кај младите.

 

 

„Прилеп е еден од градовите каде велемајсторот Ѕвонко Станоески има шаховска школа и се работи со најдобрите млади шахисти, Неготино има шаховска школа, 3 шаховски школи во Скопје и 1 во Струга. Значи станува збор за 5 шаховски школи кои што шаховскиот клуб Алкалоид финансиски и организационо ги поддржува. Овој камп е еден од трите кампови кои што се предвидени, првиот беше во Неготино, вториов е во Прилеп. Целта ни е во градовите на Македонија да поттикнеме и да направиме една иницијатива да шахот заживее, да шахот добие една поголема поддршка, како и досега што ја добивал и таа и понатаму да биде присутна во медиумите како шаховска игра, бидејќи шахот преставува една добра навика за помалите категории на шахисти да се уклучат во една попозитивна сфера од општествениот живот, да ги оттргнеме од оние негативни текови, така да се надевам дека овие кампови и оваа традиција во иднина ќе добијат поддршка и од други градови, од други организатори, кои Алкалоид сигурно ќе ги поддржи и понатаму ќе ги организира“, вели Трајко Недев, организатор на кампот од Неготино.

 

Недев потенцираше дека категориите на кампот биле од 8 до 18 години, тоа биле прваци на Македонија во своите категории, некои се и втори но талентирани и амбициозни  деца кои во иднина се очекува да се борат за првите места. Голем дел биле и преставници на европските и на светските првенства, преставници на РМ на наредните Светски и Европски првенства, од кои едното се одржувало во Халкидики, а другото во Романија.  На кампот имало 11 учесници.

 

„Член сум на шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Прилеп. Учествувам долго време на државните првенства и на други турнири низ Македонија и во други држави. Интересно е бидејќи има многу различни варијанти и можности за играње и има возбудливи моменти“, рече Матеј Ѕвездакоски.

 

„Доѓам од Скопје и член сум на шаховскиот клуб „Алкалоид“. Јас сум исто така првак на Македонија до 14 години. Шахот ми е интересна игра, има многу варијатни и можности за играње. Јас играм шах од 5 години“, вели Кристијан Велковски.

 

Присутните ги поздрави и градоначалникот Јованоски.

 

„Јас им посакувам на организаторите да успешно го завршат овој шаховски камп, младите учесници на оваа древна игра да завземат што подобра позиција на државното првенство што ќе се одржи оваа година во РМ, а понатаму да учествуваат на Европското и Светското првенство во шах“, кажа Јованоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien