Арсен Венгер го напушта „Арсенал“

Facebook
Twitter
Email
Print

По 22 години поминати на тренерската позиција во Арсенал, Арсен Венгер и официјално обајви дека го напушта лондонскиот клуб.

 

„По внимателно разгледување и разговори  со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запамтени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам Арсенал”, нагласува Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

 

Арсен Венгер останува легенда на Премиер лигата со 823 натпревари на клупата на Арсенал, од кои 473 беа победи, 199 нерешени и 151 пораз. За тоа време тој освои 3 титули во Премиер лигата и 7 трофеи од ФА купот, повеќе од било кој тренер во историјата.

 

„Барам од навивачите да застанат зад клубот и да ни помогнат да ја завршиме сезоната на високо ниво. Сите навивачи на Арсенал треба да се грижат за вредностите на овој клуб. Мојата љубов и посветеност секогаш ќе остане со Арсенал“, додаде Венгер.

 

Во сезоната 2003/2004 година ја предводеше генерацијата „непобедливи“ кои стигнаа до титулата без пораз.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи