ЕТА се извини за четири децениското насилство

Facebook
Twitter
Email
Print

Баскиската милитантна група ЕТА  го објави конечното расформирање на почетокот на мај, со што ќе стави крај на повеќедецениското насилство за независна Баскија од Шпанија.

 

Баскиската терористичка група ЕТА, која е одговорна за смртта на повеќе од 800 лица за време на нејзината четири децениска вооружена кампања, се извини за страдањата што ги предизвика и побара прошка од жртвите и нивните семејства.

 

Во изјавата објавена денес, групата даде целосно и недвосмислено извинување за своите акции, прифаќајќи дека има „директна одговорност“ за години на крвопролевање и мизерија.

 

„Знаеме дека предизвикавме многу болка за време на долгиот период на вооружена борба, вклучувајќи штета што никогаш не може да се поправи. Сакаме да искажеме почит кон оние што беа убиени или повредени од ЕТА и оние кои беа погодени од конфликтот. Навистина ни е жал“, се вели во соопштението.

 

ЕТА посебно бара прошка од недолжните цивили.

 

„Принудени на секаков тип вооружена борба, знаеме дека нашите постапки им наштетија на граѓаните што на никаков начин не се вмешани во каузата што ја застапувавме. Предизвикавме голема штета што не може да се поправи. Бараме прошка од тие луѓе и нивните семејства. Овие зборови нема да го поправат она што се случило, ниту пак ќе ја намалат болката, но ние им се обраќаме со почит и без желба да предизвикаме понатамошни страдања“.

 

Сепак, членовите на ЕТА тврдат дека не се единствените одговорни за страдањата во шпанска Баскија.

 

„Страдање постоело и пред основањето на ЕТА и продолжи кога ЕТА ги прекина вооружените акции“, се вели во објавениот текст.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи