Во Белгија осуден Абдеслам, последниот жив напаѓач од нападите во Париз

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Белгискиот суд го осуди Салах Абдесалам, единствениот преживеан осомничен од терористичките напади во Париз во 2015 година, на 20 години казна затвор за обид за терористичко убиство на полицајци за време на престрелката во Брисел во 2016 година, што доведе до негово апсење.

 

Неговиот соработник Софиен Ајари, 24 годишен Тунижанец исто така доби казна затвор до 20 години за обид на убиство на белгиски и француски полицајци кои извршија рација во нивното засолниште во Брисел во март, 2016 година. Четворица полицајци беа повредени во пукотниците во кои учествуваа Абдеслам и Ајари.

 

По нападите во Париз во 2015 година, во кои загинаа 130 луѓе, а илјадници беа повредени, Абдеслам четири месеци беше во бегство. Уапсен е три дена по судирот во Брисел. Тој беше уапсен на 18 март, 2016 година во близина на неговиот семеен дом во населбата Моленбек во Брисел. Моментално се наоѓа во затвор во Франција и го очекува судење за нападите во Париз.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video