Томас Тухел е нов тренер на ПСЖ!

Facebook
Twitter
Email
Print

Речиси сите француски медиуми пренесуваат дека Томас Тухел ќе биде новиот тренер на тимот на ПСЖ. Иако нема официјална потврда, наводно е се договорено и само се чека крајот на сезоната за Германецот да биде претставен.

 

Еден од најугледните медиуми, Канал+ објави дека Германецот со францускиот гигант потпишал двегодишен договор, а официјализирање на истиот ќе видиме наскоро.

 

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд ќе се обиде да го направи она што не успеа Емери, како и неговоите претходници, а тоа е на Паркот на Принцовите да ја донесат титулата од ЛШ.

 

Доколку овие тврдења се вистинити, Тухел ќе стане првиот Германец на клупата на ПСЖ во историјата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи