Салах е прв стрелец во Европа, а против Вест Бромвич Албион стигна до својот 31. гол во сезоната и сега повторно има предност од два гола пред Меси и Имобиле.
Меси играше во финалето на Кралскиот куп, постигна гол, но тој не се смета, па така остана на 29. погодоци, колку што има и Имобиле.
Одличниот напаѓач на Лацио постигна два гола викендов, па го стигна Меси на втората позиција. Зад нив се наоѓа Роберт Левандовски, кој погоди во победата против Хановер, а по нив следуваат Хари Кејн и Мауро Икарди со по 26 голови.
Салах до крајот на сезоната ќе игра уште три натпревари, на Меси му остануваат пет, а Имобиле има уште четири, па скоро сигурно е дека некој од нив ќе ја освои „златната копачка“.