Неапол „гореше“ по победата на Наполи над Јувентус

Facebook
Twitter
Email
Print

Синоќа, екипата на Наполи стигна до голема победа во Серија А, откако со 0-1 среде Торино го совлада конкурентот за шампионската титула, тимот на Јувентус.

 

Херој на „наполитанците“ беше Кулибали, кој во последната минута ја шокира „старата дама“ и го одведе својот тим на само еден бод до лидерот.

 

Големиот успех на Наполи предизвика големо славје низ улиците на Неапол, кој синоќа „гореше“.

 

 

 

Можеме само да замислиме како ќе биде доколку Наполи го освои Скудетото, а има реални шанси за тоа бидејќи Јувентус има две тешки гостувања, едното кај Интер, второто кај Рома.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи