Речиси сите француски медиуми пренесуваат дека Томас Тухел ќе биде новиот тренер на тимот на ПСЖ. Иако нема официјална потврда, наводно е се договорено и само се чека крајот на сезоната за Германецот да биде претставен.
Еден од најугледните медиуми, Канал+ објави дека Германецот со францускиот гигант потпишал двегодишен договор, а официјализирање на истиот ќе видиме наскоро.
Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд ќе се обиде да го направи она што не успеа Емери, како и неговоите претходници, а тоа е на Паркот на Принцовите да ја донесат титулата од ЛШ.
Доколку овие тврдења се вистинити, Тухел ќе стане првиот Германец на клупата на ПСЖ во историјата.