Скандал во Советот на Европа: Азербејџан поткупувал европски пратеници и политичари

Азербејџан потплатувал пратеници во Парламентот на Советот на Европа, утврдено е со истрага на независни стручњаци. Судиите својата истрага ја ограничиле на Азербејџан, но тоа не е единствената земја против кои биле насочени обвиненијата – тука се и Украина, Турција и Русија.

 

 

Истрагата на независните експерти за обвиненијата за лобирање за пари, открила дека некои сегашни и поранешни членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа го прекршиле кодексот на однесува и за таа работа примиле мито од Азербејџан.

 

Извештајот кој бил објавен во неделата, а претставен во Стразбур, седиштето на Советот на Европа, содржи податоци од истрагата која траела 10 месеци и се занимавала со обвиненија за подмитување во замена за лобирање, а во нејзин фокус бил Азербејџан.

 

Советот на Европа, една од најстарите организации која се занимава со човекови права, е основан во 1949. година, поради зачувување на демократијата и владеењето на правото, е постар од Европската унија и се состои од 47 членови.

 

Парламентарното собрание на ова тело го сочинуваат политичари од националните парламенти и неговите држави членки. Азербејџан во советот се приклучил во 2001. година, но долго биле критикувани поради кршењето на човековите права и валидноста на изборите во таа земја богата со нафта.

 

Се наведува дека поранешни и сегашни членови на Парламентарното собрание лобирале за Азербејџан за да ги ублажат критиките на сметка на авторитарната власт на таа земја, а за возврат добивале скапи подароци.

 

Во извештајот се товари поранешниот претседател на Парламентарното собрание Педро Аграмунт, откако било наведено дека учествувал во коруптивните активности, за да обезбеди клучна позиција во водењето на парламентарната група на десниот центар. Аграмунт бил принуден да поднесе оставка на местото претседател во 2017. година, откако му била изгласана недоверба.

 

Според истрагата, од влезот во Советот на Европа во 2001. година, поранешната советска република богата со нафта создала мрежа од симпатизери на кои им подарувала скапи часовници, теписи, кавијари и аранжмани во луксузни хотели.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien