Енис Барди имаше неверојатна ноќ синоќа кога неговиот Леванте гостуваше во Баскија кај Атлетик Билбао.
Барди во 3. минути постигна два спектакуларни голови, кои му помогнаа на Леванте да победи и веројатно да опстане во лигата оваа година.
По натпреварот, задоволството беше евидентно кај нашиот Барди.
„Ова беше најубавата ноќ за мене во Леванте. Победивме и ги освоивме бодовите, но немаме многу простор и време за славење. Веќе во петок играме против Севилја, со евентуална победа овде, Леванте сигурно опстанува во Примера“.