Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев вчера постигна феноменален погодок на првенствената средба против Верона, на која Џенова славеше победа со 3:1.
Пандев влезе од клупата за резервни фудбалери во 81. минута, а веќе во 93. минута следеше вистинска фудбалска магија на нашиот капитен кој од 15-тина метри го лобоваше гостинскиот голман, а по мечот истакна дека токму овој погодок можеби е неговиот најубав во својата кариера. Дефинитивно ова ќе биде гол на колото во Серија А, а веројатно ќе биде вметнат и во потенцијалните најубави голови на сезоната.
Pandev just did that. ???? #KungFuPandev #GenoaVerona pic.twitter.com/ydCxDKI78V
— Everything Napoli (@NaplesAndNapoli) April 23, 2018
За Пандев овој погодок беше негов 80-ти во Серија А. Оваа бројка го смести Пандев помеѓу најдобрите 10 стрелеци во Италија кога во прашање се активните фудбалери.
?? Goleadores en activo de la #SerieA ??
1⃣ Quagliarella 126 ⚽
2⃣ Pazzini 111 ⚽
3⃣ Higuaín 110 ⚽
4⃣ Pellissier 108 ⚽
5⃣ Icardi 107 ⚽
6⃣ Hamsik 99 ⚽
7⃣ Borriello 96 ⚽
8⃣ Matri 90 ⚽
9⃣ Immobile 84 ⚽
? Pandev 80 ⚽ pic.twitter.com/LFFcI9MM3h— Sp_ | Calcio (@Sp_SerieA) April 24, 2018