„Франс Фудбал“ со извинување до Иниеста

Facebook
Twitter
Email
Print

Единствениот фудбалер во светот, кој не може а да не го сакате, без разлика за кој клуб навивате, е Андрес Иниеста. Фудбалер, кој добива стоечки овации без разлика на кој стадион игра, како во Шпанија, така и во Европа. Неговата магија на теренот го прави посебен фудбалер, но навивачите го почитуваат и поради џентлменскиот однос со противниците.

 

Сепак, Иниеста е еден од фудбалските великани кој никогаш во својата богата кариера не го добил признанието за најдобар светски фудбалер, односно Златната топка, кое што го доделува магазинот „Франс фудбал“.

 

Поради тоа, главниот уредник на магазинот „Франс фудбал“,  Паскал Фере, кој ја доделува наградата Златна топка уште од 1956 година, а за неа гласаат спортските новинари, објави текст со наслов „Извини Андрес“.

 

„Тој е фудбалерот што игра најлесен фудбал на сите времиња. Најголем дел од неговите колеги си ги компликуваат животите, но тој едноставно ужива изминативе 15 години да ги поедноставни работите, без ниту една лоша мисла, само за да ја направи играта – жива. Талентот на Иниеста е да измислува нешто за другите. Без него, Меси многу побрзо ќе се уморуваше во Барселона. Неговата несебичност сигурно го скрати од уште поголемо индинвидуално признание. Помеѓу големите фудбалери кои недостигаат на листата освојувачи на Златната топка, тој е оној што најмногу боли“, пишува во текстот на „Франс фудбал“.

 

 

Да потсетиме, Иниеста беше блиску до освојување на „Златната топка“ после Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка кога заврши на второто место според гласовите, зад Лионел Меси, а пред Чави Ернандез.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи