Локацијата за нуклеарни проби на Ким најверојатно веќе е неупотреблива

Facebook
Twitter
Email
Print

Локацијата која властите на Северна Кореја ја користеле за нуклеарни проби најверојатно веќе е неупотреблива поради делумниот колапс на планината по последните проби во септември минатата година, оценија кинеските сеизмолози во студијата објавена денес.

 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, минатата недела изјави дека се повлекува од нуклеарните проби и тестирањето на интерконтинентални балистички проектили и додаде дека ќе ја затвори локацијата Пунгје Ри, каде што Северна Кореја од 2006 до 2017 година спроведе шест проби.

 

Оваа изјава дојде неколку дена пред средбата на Ким со претседателот на Јужна Кореја Мун Jae-ин утре во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи. Ким потоа треба да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп. Датумот и местото на состанокот сè уште не се објавени.

 

Сеизмолозите наведоа дека шестата и последна нуклеарна проба на 3 септември 2017 година, предизвика земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала и потресот се почувствувал до Кина. Пјонгјанг тогаш наведе дека тестирале хидрогенска бомба, која е многу посилна од атомската.

 

Оваа проба предизвикала големи свлечишта и други помали потреси и спуштање на тлото, ова ги наведе експертите да заклучат дека локацијата е неупотреблива, бидејќи дел од блиската планина пропаднала со што најверојатно се оштетила подземната инфраструктура за спроведување нуклеарни проби.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи