До нашата редакција попладнево пристигнаа фотографиии од наши читатели, фотографирани кај местата определени за контејнери кои се наоѓаат до зградите во близина на касарната „Мирче Ацев“ и од местата за контејнери кај т.н. „К“ згради во населбата Точила.
Сликата е катастрофална, преполни контејнери и ѓубре расфрлано на сите страни. Граѓаните се жалат дека се шири неподнослива миризба и дека се плашат од заразни болести.
Упатуваат апел до ЈКП „Комуналец“ итно да да го подигне сметот расфрлан по улиците.