Гејтс: Триесет милиони луѓе може да умрат од смртоносна епидемија

Facebook
Twitter
Email
Print

Основачот на компанијата Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс смета дека државите треба да се подготват за пандемија, која и претстои на светот, и тоа на ист начин како што би се подготвувале за војна.

 

„Кажете им на светските лидери дека се гради оружје што може да убие 30 милиони луѓе – веднаш ќе има реакции и подготовки против таквата можна закана, но во случај кога станува збор за биолошка закана, изостанува енергична реакција“, рече еден од најбогатите луѓе во светот.

 

Тој верува дека смртоносната епидемија ќе ја погоди планетата во текот на следните десет години, а болеста ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за најмногу шест месеци.

 

Гејтс тоа апокалиптично предупредување го изнесе на научен собир во Масачусетс, но и претходно зборувал за истото, само со помала убеденост во своите тврдења.

 

„Постои едно подрачје во кое светот не се труди доволно да постигне напредок, а тоа е подготвеноста за избивање пандемија“, истакна милијардерот, нагласувајќи дека следната пандемија би можела да се развие од компјутерскиот монитор.

 

За да биде сериозно сфатен, Гејтс додаде дека во врска со опасноста која се заканува тој наскоро ќе оствари средба и со американскиот претседател Доналд Трамп. Дури и Конгресот на САД верува дека „постои нешто“ во тврдењата на Гејтс, имајќи предвид дека се одобрени дополнителни средства за Националниот центар за контрола и превенција на болести.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи