Вардар ова попладне го доби Монпелје како противник во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, предизвик кој и тоа како ќе биде голем за актуелниот европски првак со оглед на тоа што францускиот тим се покажа како многу незгоден ривал.
Монпелје направи големи изненадувања во досегашниот тек на натпрварувањето и ги шокираше Барселона и Флензбург, но сепак, сите се надеваме дека Вардар ќе ја оправда фаворитската улога и дека ќе се пласира во ново големо финале во Лигата на шампионите.
Во другото полуфинале, копјата ќе ги вркстат ПСЖ и Нант во едно француско дерби, а неколку часа по ждрепката, ЕХФ ги соопшти и официјалните термини во кои ќе бидат одиграни двата дуели.
ПСЖ и Нант ќе го отворат Ф4 спектаклот со дуелот кој ќе се игра на 26 мај во 15:15 часот, додека Вардар и Монпелје се втори на програмата, или поточно во терминот од 18:00 часот.
Финалето на деветтото издание на завршниот спектакл во „Ланксес арена“ во Келн е закажано на 27 мај и ќе се игра во терминот од 18:00 часот.