ФИФА со план за „мини Мундијал“ на секои две години

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино предложи основање на мини Светско првенство. Натпреварувањето кое го замислил првиот човек на ФИФА би се играло на две години и би се натпреварувале најдобрите осум селекции на светот.

По промените на стариот континент и формирањето на Лига на нации, се разгледува можноста овој проект да се прошири и на глобално ниво. Првенството би го носело името „Final 8“ и би се играло во октомври и ноември почнувајќи од 2021 година.

 

Наводно, ФИФА веќе добила понуда од неименуван инвеститор кој за правата на ова натпреварување е спремен да понуди дури 25 милијарди долари за 12 години, а таквата финансиска прилика едноставно не се пропушта.

 

Па така, според сегашната ситуација од 2021 година би добиле ново натпреварување под покровителоство на ФИФА, додека Купот на Конфедерации кој се играше на секои четири години во земјата домаќин на Мундијалот би бил укинат.

 

Инфантино претходно најавуваше и промени на самото Светско првенство. Тој има идеја за Мундијал со 48 натпревари и овој формат би можел да биде применуван од 2022 година во Катар.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи