Вработените во Еурокомпозит го прекинаа штрајкот, постигнат е договор со Владата

Вработените во прилепски Еурокомпозит денеска го прекинаа штрајкот. Доцна синоќа сепак постигнале договор со премиерот Заев кој им ветил дека до петок ќе добијат една плата и дека веднаш ќе се започне со спроведувањето на другите барања на вработените.

 

„Прво не постигнавме договор со премиерот Заев бидејќи плата ни беше ветувано дека ќе добиеме дури по еден месец и донесовме одлука дека остануваме со шатори пред Влада. Потоа повторно имавме средба на која се договоривме до петок да добиеме плата, во најбрз можен рок да се започне со постапка за прогласување на технолошки вишок на 100 вработени и во рок од максимум 3 месеци да се продаде фирмата на странски инвеститор. Се надеваме дека сето ова ќе биде исполнето според договорот. Од денеска сите сме вратени на своите работни места“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикат на Еурокомпозит.

 

Инаку денеска околу 11 часот Еурокомпозит треба да го посети турска делегација составена од директори на компании од наменската воена индустрија и државниот секретар во министерството за одбрана на Турција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи