Ветеранот на Ливерпул, Џејмс Милнер во синоќашнот натпревар против Рома во првото полувреме се најде во погрешно време на погрешно место и постигна еден од најсмешните автоголови сезонава.
И покрај тоа, неговиот тим успеа да обезбеди финале во Лигата на Шампионите, па автоголот не го расипа неговото расположение, а тој тоа го покажа со една шега на своја сметка.
„Има ли некој совет за тоа како да го тргнам логото на Лигата на шампионите од лицето“, праша Милнер на Твитер.
129