Властите во американската држава Хаваи наредија евакуација на населението од големиот остров, откако лавата која потече од вулканот Килауеа загрози неколку населени области.
Од окружната цивилна одбрана на Хаваи кажаа дека околу 10.000 луѓе се евакуирани на безбедно, откако при ерупцијата Килауеа исфрли лава над 40 метри во воздухот и истата е веќе стигната до улиците на населените места.
Ројтерс наведува дека вчерашната ерупција следела по серија земјотреси на овој остров во последните неколку денови , од кои најсилниот изнесувал 5,9 степени по Рихтер.
This is real-time video from Jeremiah Osuna of Leilani Estates on the Big Island. Mandatory Evacuation of Leilani Estates. Shelters at Pahoa Community Center and Keeau Community Center. Please be safe. pic.twitter.com/ECEbNgaj6d
— Brian Schatz (@brianschatz) May 4, 2018
Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот.