Венгер: Тажен сум и разочаран што на ваков начин ќе го напуштам Арсенал

Facebook
Twitter
Email
Print

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека е разочаран од елиминацијата од мадридски Атлетико во полуфиналето од Лигата на Европа, поради многуте пропуштени можности на неговиот тим на двата меча.

 

„Пропуштивме многу прилики. Кога ќе се соберат сите шанси кои ги имавме на двата меча, мораме да бидеме фрустрирани. Во Лондон се изнапромашувавме, а во реваншот не успеавме да ги искористиме шансите кои ни беа пружени. Атлетико Мадрид знае како да игра во вакви натпревари. Ги поздравувам за пласманот во финалето, беа фаворити. Им посакувам успех“, рече Венгер.

 

Легендарниот менаџер додаде дека нема идни планови во овој момент и планира да земе добар одмор со цел да одлучи што понатаму.

 

„Ги сакам овие момци и верувам дека со неколку корекции и во идната сезона овој тим ќе биде конкурентен за највисок пласман. Многу сум тажен што на ваков начин ќе го напуштам Арсенал. Разочарувањето е огромно. По крајот на сезоната ќе земам одмор и ќе мислам што да правам во иднина. Немам никакви планови во овој момент“, изјави Венгер по дуелот во Мадрид.

 

По крајот на сезоната францускиот специјалист се разделува со Арсенал по 22 години на чело на тимот од Северен Лондон.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи