Со оглед на тоа што се преиспитаа последиците кои ќе бидат врз граѓаните на Општина Прилеп со донесување на оваа одлука од поскапувањето на тезгите на пазарите, градоначалникот донесе одлука за запирање на извршувањето на ова решение и денеска донесовме одлука за запирање, се со една цел да излеземе во пресрет на граѓаните, на оние луѓе кои имаат потреба во однос на оваа работа. Ова го изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп по завршувањето на денешната 13 седница, откако ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Советниците на власта дека не знаат што прават бидиејќи во рок од само 20 дена самии си ги поништуваат одлуките кои ги носат.
„Се донесе одлука за отповикување на две одлуки кои беа донесени на претходната седница, кои се однесуваат во корекција на цените за услугите кои што ги нуди ЈКП Пазари, на барање на градоначалникот. Морам да кажам повторно, како што кажав на првата седница на Советот на Општина Прилеп, а тоа е дека Советот ќе биде храм на демократијата, местото каде што се носат одлуки врз основа на убедување на советниците, врз основа на она што ќе биде донесено од страна на директорите, односно од страна на градоначалникот“, истакна Талевски.
Талевски додаде дека на денешната седница се донесле одлуки за повеќето точки кои се однесувале на урбанизмот, односно на барања кои биле стасани до Советот за легализација на безправно изградените објекти од страна на граѓаните на Општина Прилеп.
„Ние како Совет, одговорни и експедитивни во соработка со локалната самоуправа, се изработија овие одлуки за легализација на овие објекти. Советот на Општина Прилеп донесе одлука за збратимување со Источно Сараево, кое што барање стаса до градоначалникот и локалната самоуправа преку амбасадорот на БиХ во Република Македонија. Денеска имавме особена чест и задоволство да укажеме дека Прилеп се збратимува со Општина Источно Сараево. Денеска се донесе одлука во однос на изгласување на извештаите на јавната установа Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“, корекција на систематизацијата во делот на имплементација на некои барања кои се во корелација со новиот закон за работни односи, како што беа пролонгирање на барањето за вадење на сертификат за англиски јазик итн. “, додаде Талевски.