Шкотскиот гигант Глазгов ренџерс ќе биде првиот тренерски предизвик во кариерата на Стивен Џерард. Долгогодишниот капитен на Ливерпул последните 15 месеци ги мина работејќи во академијата на гигантот од „Енфилд роуд“, но кога пристигна понудата од Глазгов, се чини Џерард без многу размислување реши да ја прифати.
„Горд сум што ќе бидам следниот менаџер на Ренџерс. Имам огромен респект за овој фудбалски клуб, за неговата историја и традицијата. Едвај чекам да почне оваа нова авантура. Се надевам дека ќе биде позитивна, дека ќе оствариме успеси со кои ќе се надоврземе на бројните трофеи што овој клуб ги има освојувано низ историјата“, изјави Џерард по потписот на четиригодишниот договор со ренџерси.
? #WelcomeGerrard pic.twitter.com/ZN40n8JbbI
— Rangers Football Club (@RangersFC) May 4, 2018
Тој заедно со себе го зема и поранешниот соиграч од Ливерпул, Гери Мекалистер, кој ќе му биде прв асистент во шкотскиот премиерлигаш. Предизвикот е огромен, да се симне од тронот на шкотскиот фудбал тимот на Селтик, на чија клупа седи поранешниот стратег на Ливерпул, Брендан Роџерс.
Џерард на клупата на Ренџерс ќе го наследи Мрти кој заработи отказ по поразот од лутиот ривал Селтик 5:0