Зеглул Реџепи нов претседател на Џудо федерацијата на Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На вонредното Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), кое беше свикано по инцијатива на 12 џудо клубови или 1/2 од клубовите и се одржа во Прилеп на досегашниот претседател Филип Иванов му беше изгласана недовреба, а за нов прв човек на Федерацијата е избран Зеглул Реџепи.

 

Освен тоа, избрани се нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор. На Собранието присуствуваа 24 клуба.

 

Иницијативниот одбор го свикал вонредното Собрание со образложение дека имало прекршување на актуелниот Статут на ЏФМ и останатите законски акти врз кои се базира истиот; игнорирање на барања, предлози и забелешки на поголемиот број клубови и носење еднострани одлуки на раководството; дуплирање на функции од страна на одредени личности, неизбирање на неколку поважни комисии, како судиската, неизбор на селектори на национални селекции, неодржување на ниту едно државно првенство и многу други причини.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи