Милорад Мажиќ ќе го суди финалето на Лигата на Шампионите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Најдобриот српски судија, Милорад Мажиќ, е избран да ја дели правдата во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, соопшти УЕФА.

 

Мажиќ ја доби најголемата доверба од европската фудбалска централа, заедно со првите асистенти Милован Ристиќ, Далибор Ѓурѓевиќ и судиите зад голот – Ненад Ѓокиќ и Данило Грујиќ. За четврти арбитрар беше избран Французинот Клемен Турпан.

 

За Мажиќ, финалето на Лигата на шампионите ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, откако претходно го судеше Суперкупот меѓу Реал Мадрид – Севиља и финалето на Купот на конфедерациите меѓу Германија и Чиле, и ќе биде многу веројатен кандидат за делење на правдата во финалето на претстојниот Мундијал во Русија.

 

Финалето на Олимпискиот стадион во Киев ќе се одигра на 26 мај.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи