По силниот земјотрес и ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваи, на викендот неколку илјади луѓе мораа да бидат евакуирани. Локалните власти соопштуваат дека повеќе куќи се уништени или тешко оштетени, а постојано течат и предупредувања за екстремно висока опасност од отровни сулфурни гасови.
Земјотресот со сила од 6,9 степени, кој го погоди најголемиот остров на американската сојузна држава Хаваи во петокот, предизвика уште позасилена активност на вулканот. Вулканот исфрла лава на височина од над 61 метар, а научниците предвидуваат дека вулкански ерупции и земјотреси може да има во следните неколку месеци.
Килауеа е еден од петте активни вулкани на островот, континуирано еруптирајќи од 1983 година.