Израел би можел да одговори на ирански напад изведен од територијата на Сирија со тоа што ќе го ликвидира сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави денеска израелскиот министер за енергетика Јувал Стајнички, кој агенцијата Ројтерс го протолкува како наговестување за атентат.
„Ако сирискиот претседател Башар Асад продолжи да му овозможува на Иран да дејствува на територијата на Сирија, Израел ќе го ликвидира и ќе му го симне режимот. Ако Асад му дозволи на Иран да ја претвори Сирија во воен фронт против нас и да не нападне од сириската територија, тој треба да знае дека тоа ќе биде крај, тоа ќе биде крајот на неговиот режим”, рече Стајнички во интервју за Џет, објави Ројтерс.