Прилепската болница не соопштува нови детали за таванот кој се урна вчера на хирургија

И покрај нашите обиди денеска не успеавме да добиеме одговор од директорот на општата болница во Прилеп, Драган Богоевски, за повеќе детали околу тоа како дошло до несреќата кога вчера се урна таванот во една од собите на хируршкото одделение. За среќа во собата немало никој во тој момент, а пациентот кој бил сместен во соседната соба бил испратен дома од безбедносни мерки.

 

Дел од пациентите со кои успеавме да стапиме денеска во контакт велат дека се плашат и нив да не им се урне таванот на главата. Стравуваат за својот живот.

 

Инаку болницата беше реновирана пред 2 години. Граѓаните на Прилеп бараат итно расветлување на случајот и доколку е потребно и некој да понесе одговорност.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи