По четврти пат во големата палата во Кремељ Владимир Путин положи заклетва за претседател на Русија. Тој порача дека новиот мандат ќе биде посветен на подобрување на животниот стандард на Русите и зголемување на економската моќ на земјата и дека најверојатно тој ќе биде и негов последен.
„Ќе ја вршам функцијата со уважување на правото и слободата на граѓаните, ќе го штитам Уставот и ќе ги бранам суверенитетот, безбедноста и целовитост на државата и верно ќе му служам на народот“, изјавил Владимир Путин положувајќи заклетва на Уставот на Руската Федерација.
Околу 5.000 гости присуствуваа на церемонијата во Кремљ, вклучувајќи го и бившиот германски канцелар Герхард Шредер, кој седеше во првиот ред заедно со рускиот премиер Дмитри Медведев и патријархот Кирил.
Путин е шеф на државата веќе 18 години, од декември 1999 година, кога поранешниот Борис Елцин го постави за привремен претседател. Претседателските избори во Русија беа одржани на 18 март оваа година. Путин издвојува убедлива победа со 76,69 отсто од гласовите. Зад него останаа Павел Грудињин со 11,77 отсто од гласовите, Владимир Жириновски (5,65) и Ксенија Собчак (1,68) отсто од гласовите.