СДСМ : За прв пат после 12 години систематски се чистат дивите депонии од територијата на Општина Прилеп

Празните и неосновани обвинувања на ДПМНЕ не можат да ја сокријат штетата од нивното 12 годишно криминално и коруптивно владеење, ниту пак ќе ја минимизираат успешната работа на новата локална власт. Велат во писменото соопштение од О.О. на СДСМ Прилеп после денешната прес конференција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на која тие ја обвинија локалната власт дека Прилеп се дави во нечистотија и дека прилепчани не можат да го препознаат својот град.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Личната заложба на градоначалникот Илија Јованоски за интензивирање на соработката со локалните компании, резултираше со донација за општината на најсовремена автомобил машина за чистење на улици, којашто веќе е на располагање на прилепски Комуналец.

 

За прв пат после 12 години систематски се чистат дивите депонии од територијата на Општина Прилеп. Се чисти каналот од Дабничкиот канал и депониите што често никнуваат кај Дабнички завој.

 

Се организираше масовна акцијата за чистење на диво исфрлениот отпад од ренонот кај прилепското езеро и влезовите и излезите од градот, со којашто се транспортираа 200 м3 отпад во депонијата Алинци. Се работи на поткревање на граѓанската свест за правилно постапување со отпадот, со цел да се намали исфрлањето на градежниот отпад во контењерите за комунален отпад.

 

Комуналец интензивно работи на поставување нова трева на местата на застарените и уништени делови од парковите низ градот.

 

Се санираат штетите од злоупотребите на претходниот директор на ЈКП „Комуналец“, Златко  Ристески, кој го оштетил претпријатието за половина милион евра и направил тешки злоупотреби. Се подобрува финасиското работење на ова јавно комунално претпријатие и условите за работа на вработените“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи