Ванилата поскапа од среброто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Цените на ванилата во изминатите две години се зголемија, по што овој сладок зачин моментно чини повеќе од среброто.

 

За еден килограм ванила потребни се околу 600 американски долари, што е повеќе отколку за еден килограм сребро.

 

Повеќе од 75 отсто од ванилата се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар.

 

„Главна причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи голем број плантажи. И покрај надежите дека растот на цената ќе стагнира, таа и понатаму е на високо ниво бидејќи побарувачката е многу голема“, изјави Џулијан Гале, аналитичар на пазарот на суровини во компанијата IEG Vu.

 

Станува збор за зачин кој се одгледува многу тешко, и поради тоа ванилата е најскапа состојка во светот, веднаш по шафранот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи