Голема полициска акција против криумчарење на мигранти во Германија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Стотици припадници на полицијата денес учествуваа во голема акција спроведена во четири германски сојузни држави против криумчарење на луѓе.

 

Полицијата соопшти дека околу 800 полицајци извршиле претрес во 21 канцеларија и куќи во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Саксонија Анхалт. За време на акцијата се пронајдени најмалку 35 илегални мигранти.

 

На мета се најде и бандата на Молдавците кои во Германија влегле користејќи лажни романски исправи и таму работат нелегално.

 

Меѓу осомничените во Саксонија Анхалт има и такви кои се ставаат во врска со ултрадесничарското движење Граѓани на Рајхот, соопшти полицијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи