Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед Алекс Фергусон се разбудил од кома, во свесна состојба е и разговарал со своето семејство, откако пред три дена претрпи мозочен удар, јавуваат британските медиуми.
„Прогнозите се добри и неговите пријатели од фудбалот редовно се информираат за секаков напредок“, кажа извор од болницата.
Сепак, блиските на седумдесет и шестгодишниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед признаваат дека постои долг и бавен пат до негова целосна рехабилитација.
На овој ден пред точно 5 години тој ја донесе веројатно најтешката одлука во животот. Легендарниот експерт, кој освои 38 трофеи во текот на 26 години на „Олд Трафорд“, се пензионираше во 2013 година.
112