Венгер: Имам повеќе понуди отколку што очекував

Facebook
Twitter
Email
Print

Легендарниот француски менаџер Арсен Венгер, кој по 22 години заминува од лондонски Арсенал на крајот на сезонава, откри дека добил повеќе понуди од тоа што воопшто очекувал за да ја продолжи фудбалската кариера.

 

„Да, повеќе отколку што очекував. Во моментов сум фокусирам да ја завршам мојата работа. Јас ниту анализирам или нешто разгледувам. Сакам да работам добро тука до последниот ден од мојот договор, а потоа ќе се одморам малку и ќе размислам каде ќе одам од таму. Но, сигурно ќе бидам активен. Мојот мозок бара работа и е активен. Имам огромно искуство во менаџирањето. Генерално, јас ќе работам. Што ќе правам јас? Се уште не знам“, истакна Венгер.

 

И додека на „Емирати“ сè уште трагаат кој да биде замената за „професорот“ на клупата (Луис Енрике, Масимилијано Алегри…), Французинот најави дека кој и да дојде ќе ја добие сета поддршка од него.

 

„Како навивач на Арсенал ќе го поддржам секого што ќе се најде во таа позиција. Нема јавно да коментирам, сè што му треба ќе го добие приватно. Сите тренери кои се поврзуваат со Арсенал се добри стручњаци. Кој и да дојде ќе има добра основа. Оваа екипа има потенцијал, може се потребни две-три засилувања за Арсенал да се бори за титула“, вели Венгер.

 

Арсенал најави дека замената за француската легенда на клупата ќе ја објави пред стартот на СП во Русија, а Венгер засега најмногу се споменува како иден селектор на Франција на местото на Дидие Дешамп по Мундијалот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи