Жестока казна за Роберто, Барселона обвинува за двојни аршини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Дисциплинската комиција при Ла Лига строго ги следеше правилата и го казни Серхи Роберто со четири меча суспензија поради црвениот картон добиен на „Ел Класико“ дуелот кога го удри Марсело.

 

Во образложението на одлуката стои дека Роберто го удрил Марсело без топка, што по автоматизам значи суспензија од четири меча.

 

Меѓутоа од Барселона жестоко реагираа на оваа одлука и обвинија за двојни аршини. Воедно и самиот Марсело за ист ваков случај, кога на мечот со Леванте поради удирање на противнички играч доби црвен картон, доби само два меча суспензија и тоа од истиот судија. Каталонците се чудат како може истата организација да биде нееднаква во два случаи и да додели различна казна за ист вид на прекршок.

 

Како и да е, докоголку не се промени ништо, сезоната за Серхи Роберто е завршена. Тој ги пропушта последните три меча против Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад, а ќе го пропушти и првиот дуел од Суперкупот на Шпанија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи