Руни се сели во МЛС лигата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вејн Руни најверојатно по крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Евертон и ќе се пресели во МЛС лигата, пренесуваат англиските медиуми.

 

Напаѓачот веќе одржал разговори со челниците на Ди Си Јунајтед, но и на Евертон, и сопствениците на клубот покажале намера да го пуштат да си оди доколку тој тоа навистина го сака.

 

Ако може да им се верува на спортските медиуми од Островот, Вејн Руни и Ди Си Јунајтед веќе се во поодмината фаза од преговорите и единствено што се чека е да се отвори трансфер периодот во Премиер лигата за Англичанецот и официјално да премине во американскиот клуб.

 

Во моментов е водечки стрелец на клубот од Ливерпул со 11 голови. Но, неговиот учинок е сепак далеку од оној на кој бевме навикнати до пред неколку години, кога тој ги освојуваше домашните лиги и купови, како и Лигата на шампионите.

 

Руни пристигна во Манчестер Јунајтед во 2004 година и испиша историја на „Олд Трафорд“ каде остана се до 2017 година. Минатото лето се врати во Евертон, но најверојатно веќе го кажа последниот збор во Премиер лигата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи