САД излегоа од нуклеарниот договор со Иран, останатите земји остануваат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор, денес останатите земји – потписнички најавија дека остануваат дел од Договорот.

 

Францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан Жан-Ив изјави дека договорот не е мртов.

 

Тој рече дека претседателот Емануел Макрон и иранскиот претседател Хасан Рухани денес треба да разговараат за оваа ситуација, додека министрите за надворешни работи на Франција, Британија и Германија ќе разговараат со иранските официјални претставници в понеделник.

 

Кинеското министерство за надворешни работи најави дека Кина останува дел од Договорот, изразувајќи жалење за одлуката на Трамп да го напушти пактот.

 

Европската унија, во заедничка изјава, нагласи дека засега Иранскиот договор функционира во исполнување на неговата цел – да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје, и оти укинувањето на санкциите кон Иран имаат позитивен ефект врз трговијата и меѓусебните односи.

 

Трамп вчера изјави дека Договорот, постигнат во време на претседателот Барак Обама, не донел мир и спокој, и оти никогаш нема да го постигне тоа.

 

Обама, чија администрација ги водеше интензивните преговори за постигнување на Договорот, смета дека одлуката на Трамп е погрешна.

 

„Верувам дека ставање под ризик на Иранскиот нуклераен договор, без да има негово прекршување од страна на Иран, е сериозна грешка“, изјави Обама.

 

Реагираше и иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој истакна дека Иран нема да го почитува договорот, без доволно цврсти гаранции од Европа. Тој одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран ја оцени како „глупава и површна“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи