ВИДЕО: Русија ја демонстрираше воената сила на спектакуларна воена парада во Русија

Facebook
Twitter
Email
Print

Русија денеска со голема воена парада во Москва ја одбележа 73-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. На Црвениот плоштад продефилираа и најновите видови оружје.

 

Во говорот на воената парада во Москва по повод Денот на победата над нацистичка Германија, рускиот претседател Владимир Путин г им го честиташе Денот на победата на граѓаните на Русија, на војниците и на старешините, велејќи дека тоа е свет празник за целата земја, празник од општонационална гордост.

 

„Пред 73 години заврши Големата патриотска војна, нацизмот е скршен, уништени се плановите за светска доминација. Овој долгоочекуван збор веднаш го обиколи целиот свет и сите сфатија дека токму Советскиот Сојуз ја одигра пресудната улога, нашите војници ја заштитија честа на својата земја. Меѓутоа, сега се обидуваат тоа да го прецртаат, да ја ревидираат историјата. Ние тоа никогаш нема да го дозволиме. Секогаш ќе се гордееме дека советскиот народ не потклекна. Нашиот народ се бореше за живот и смрт, ниту една земја не издржа таква инвазија. Со ништо не може да се измери храброста на нашите војници. 9 мај ги обединува сите генерации, секое семејство има свој херој“, рече Путин

 

На парадата присуствуваше државниот врв на Русија, ветерани и голем број на граѓани, а меѓу почесните гости беа претседателот на Србија Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

 

На воената парада беа презентирани повеќе видови оружја, од кои поновите се тестирани во војната во Сирија, како што изјави рускиот министер за одбрана. Се прикажаа најсовременото оружје и воена техника, 75 авиони, ракетни носачи, бомбардери со долг дострел, авиони танкери, воено транспортни авиони, ловци Су-35 и Су-30СМ, пресретнувачи, ловци- бомбардери Су-34, бомбардери Су-24М, јуришни авиони Су-25, хеликоптери, тенковите Т-90 и Армада…

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи