Дисциплинската комиција при Ла Лига строго ги следеше правилата и го казни Серхи Роберто со четири меча суспензија поради црвениот картон добиен на „Ел Класико“ дуелот кога го удри Марсело.
Во образложението на одлуката стои дека Роберто го удрил Марсело без топка, што по автоматизам значи суспензија од четири меча.
Меѓутоа од Барселона жестоко реагираа на оваа одлука и обвинија за двојни аршини. Воедно и самиот Марсело за ист ваков случај, кога на мечот со Леванте поради удирање на противнички играч доби црвен картон, доби само два меча суспензија и тоа од истиот судија. Каталонците се чудат како може истата организација да биде нееднаква во два случаи и да додели различна казна за ист вид на прекршок.
Како и да е, докоголку не се промени ништо, сезоната за Серхи Роберто е завршена. Тој ги пропушта последните три меча против Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад, а ќе го пропушти и првиот дуел од Суперкупот на Шпанија.