Ослободени тројца Американци од логор во Северна Кореја

Facebook
Twitter
Email
Print

Северна Кореја ослободи тројца Американци со корејско потекло, кои беа на издржување затворска казна во концентрационен логор. Веста ја објави американскиот претседател, Доналд Трамп, додавајќи дека штом ослободените Американци се вратат во САД тој лично ќе се сретне со нив.

 

„Со задоволство би сакал да ве известам дека Државниот секретар, Мајк Помпео е во авион, се враќа од Северна Кореа заедно со тројца прекрасни господа, коишто сите со нетрпение чекаме да ги видиме. Изгледаат дека се во добро здравје. Исто така, утврдени е местото и датумот за средба со Ким Јонг ун“, напиша Трамп на својот профил на твитер.

 

Ослободувањето на тројцата затвореници се случува по средбата на американскиот  државен секретар Мајк Помпео со Ким Јонг Ун во Пјонгјанг на која се договорале деталите за претстојната средба на Трамп со Јонг Ун.

 

Ваквиот чекор на севернокорејскиот лидер се случува непосредно пред планираната средба на претседателите на САД и на Северна Кореја, а во аналитичките кругови се оценува како знак на добра волја пред дијалогот на двајцата лидери.

 

Ким Хак-сонг, Тони Ким и Ким Донг-чул, се тројцата американски државјани кои беа затворени во работни логори за анти-државни активности. Еден од нив беше уапсен во 2015 година и осуден на 10 години затвор за шпионирање, а останатите двајца беа уапсени во 2017 година за „непријателски активности“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи