Хјустон и Голден Стејт се финалисти на Западната конференција откако победија со идентичен резултат од 4-1 против Јута Џез и Њу Орлеанс.
Хјустон Рокетс победи против тимот на Јута Џез од 112:102, а беше предводен од Крис Пол, кој постигна 41 поен, највисоки во кариерата во плеј-оф разигрувањето. Покрај Пол, во тимот на Хјустон разиграни беа и Пи Џеј Такер кој даде 19 поени, Џејмс Харден додаде 18 поени додека Донован Мичел реализира 24 поени и Алек Буркс постигна 22 поени.
Голден Стејт Вориорс го победи тимот на Њу Орлеанс со 113:104 и си резервира финале на Западот четврта сезона по ред. Најзаслужни за победата беа Стеф Кари кој постигна 28 поени, Кевин Дурент даде 24 поени и Клеј Томсон додаде 23 поени. Кај поразениот тим, најефикасен беше Ентони Дејвис кој одигра маестрална партија со дабл-дабл учинок од 34 поени и 19 скокови.