Сириските државни медиуми објавија дека Израел извршил воздушни напади врз повеќе воени локации низ Сирија.
Околу 28 израелски авиони Ф-15 и Ф16 испалиле околу 60 воздух-земја ракети во масовниот напад во текот на ноќта во Сирија, според руското Министерство за одбрана, а биле истрелани и 10-тина проектили земја-земја.
Израелските сили ја бомбардираа територијата на Сирија два часа меѓу 1:45 и 3:45 по локално време во четврток. Нападот е извршен под изговор на наводите дека иранските сили претходно ги погодиле израелските цели во Голанската висорамнина. Израелските проектили уништиле позиции на противавионската одбрана, радари и складишта за муниција.
Штетата предизвикана на иранската воена и сириската цивилна инфраструктура од воздушните напади сѐ уште се проценува. Ова е најголемата ескалација уште од 1974-та година кога и официјално заврши израелско-арапската војна.