ВИДЕО – Џ.К. „Бушидо“ го очекува нов предизвик на меѓународниот турнир во Косово

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во недела во Пеќ, Косово, ќе се одржи меѓународниот турнир во џудо „ Турнир на мирот“ на кој ќе учествува и џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп со 11 натпреварувачи. Џудистите од „Бушидо“ исто така на 10 јуни ги очекува уште еден меѓународен турнир во Србија. Според тренерот Рубин Пеески ова биле на некој начин подготвителни тренинзи пред поголемите турнири.

 

 

„Ова се некои тренинзи пред потешките меѓународни турнири, каде ќе ги видиме кои се нашите добри страни, нашите слаби страни да ги поправиме. Теодора Ристеска ја чека Балканското првенство, па уште еден Европски куп во Словенија во октомври и се надевам дека овој пат ќе донесиме медал за Прилеп“, истакна Пеески.

 

Инаку Ристеска на 5 мај учествуваше на Европскиот куп кој се одржа во Романија каде го освои 9-тото место. Тоа беше прво излегување на членовите на „Бушидо“ на Европски куп.

 

„Ова беше прво наше искуство на европски првенства, задоволува од страна како тренер, бидејќи Теодора е почетник во европските купови. Првата и примарна цел ни беше да го поминеме првото коло, кое беше и елиминаторно коло. Ја победивме Израелката, за 15 секунди од почетокот на борбата. После тоа налетавме на многу тежок противник, таа беше Унгарка и го освои Европскиот куп. На репасажот бевме слободни и пак за наша среќа или несреќа добивме една репрезентативка на Бугарија, која доста високо котира во интернационалната џудо федерација и го освои третото место на Европскиот куп. Пак ќе кажам дека сум задоволен од борбите. Задоволен сум бидејќи само тремата е она што ни попречи, инаку бевме во четвртата борба за пласман на третото место. Технички беше добро подготвена, психички колку и да се помагаше, колку и да кажувавме таа го осети на своја кожа. Како прва, таа веќе го понесе целиот товар и сега нејзиното искуство се пренесува во нашиот клуб“, додаде Пеески.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи