Турција продолжува со апсењата по обидот за државен удар – наредба за апсење на 300 воени лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Јавното обвинителство на Истанбул издаде наредба за апсење на 300 воени лица во рамките на континуираното дело, кое се однесува за обидот за државен удар и активностите на „ФЕТО“, информира ТАСС.

 

Меѓу осомничените има 21 активни воени лица. Ова се луѓе кои би можеле да бидат членови на клетки на ФЕТО во армиските структури, соопшти обвинителството. Во моментов, 150 лица се притворени. Претресите ги спроведува вработените во антитерористичкиот оддел на Истанбулската безбедносна администрација.

 

Сличен бран апсења беа извршени вчера по наредба на канцеларијата на државниот обвинител на Измир. Беа издадени наредби за 91 активни офицери и за петмина цивили „имами“ на ФЕТО кои се занимавале со координацијата на активностите на оваа организација.

 

На 15 јули 2016 година група офицери и војници од турската армија презедоа обид за државен удар. Судирите се одвиваа главно во Истанбул и Анкара. 250 луѓе загинаа, повеќе од 2.000 беа повредени.

 

За подготовката на превратот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини својот поранешен соработник, исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.

 

По бунтот во Турција се уапсени над 50 илјади луѓе, а отпуштени или отстранети од работа се околу 140 илјади државни службеници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи