Нов светски рекорд во голмански дегажман!

Facebook
Twitter
Email
Print

Манчестер Сити од пред неколку кола ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата и со секој натпревар само ги поместува границите на рекордите во англискиот фудбал.

 

Граѓаните веќе ги срушија рекордите по бројот на освоени бодови, постигнати голови и победи, а во последното коло ќе имаат прилика и да стигнат до неверојатни 100 бодови.

 

Сепак еден играч на Сити реши и самостојно да урне рекорд и да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Иако наградата за најдобар голман, која заврши кај Давид Де Геа, Едерсон Мораеш постави нов рекорд за најдолг дегажман. Бразилецот ја испратил топката на далечина од 75.35 метри  со што го подобрил претходниот рекорд за цели 35 сантиметри.

 

 

 

Мораеш  минатото лето од Бенфика пристигна во Манчестер Сити за сума од 40 милиони евра и е стандарден на голот на граѓаните, каде настапи на 36 средби, а дури на 16 успеа да ја сочува својата мрежа и да остане несовладан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи