Тевдоски: Наплатата на приходите е одлична, се прави притисок за реализација на капитални инвестиции

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека во моментов има одлична наплата на приходите, а настојувањето на Владата е реализација на капиталните расходи. Кога министерството ќе реши да направи ребеланс, јавноста ќе биде запознаена.

 

Секоја година претходно се првеше ребаланс на Буџетот. Нема година кога Македонија не направила ребаланс и во најголем дел се правени заради слаба наплата на приходите. Во моментов имаме одлична наплата на приходи, но секако дека размислуваме како подобро да ги распоределиме средства. Кога ќе имаме подетални информации ќе излеземе во јавноста, изјави Тевдовски на настанот „Денови на финансиска писменост“ во „Скопје сити мол“.

 

Прашан за ниското ниво на реализација на капитални инвестиции од само седум проценти во првите месеци од годината, тој рече дека министерството прави притисок за нивна реализација.

 

„Во моментов нашите настојувања, но практично правиме и притисок врз сите да ги реализираат капиталните инвестиции, бидејќи приходите ни се соодветно на проекциите. Апсолутно имаме одлична ликвидност и главната битка е да имаме реализација на капиталните инвестиции“, истакна министерот за финансии и додаде дека се договараат и нови инвестиции како со ЕБРД кои ќе и дадат можност на екномијата да оди напред.

 

Во однос на избор на гувернер тој додаде дека монетарната политика е независна од фискалната и како и до сега, тоа прашање ќе го остави на Собранието.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи