„Респект“: Сергеј Скрипал бил во тајна посета на Прага во 2012 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешиот полковник од руската воена разузнавачка служба ГРУ, Сергеј Скрипал, во 2012  година бил во тајна посета на Прага и се сретнал со претставници на чешките специјални служби, тврди електронското издание на чешкиот весник „Респект“.

 

Според изданието, станува збор за „соработка за откривање на мрежа на руски агенти”.

 

„Респект“ наведува дека Скрипал најмалку еднаш, во 2012 година бил во Прага.

 

„Иако, тој беше тука кусо време, неговото патување беше искористено за средби со локалните служби, а претставници на чешките безбедносни структури потоа барем еднаш се сретнаа со поранешниот руски шпион во Велика Британија“, пишува „Респект“.

 

Чешкиот медиум наведува дека, откако се досели во Велика Британија, Скрипал соработувал со британската специјална служба МИ6 за да ја открие мрежата на руската агентура во западните земји.

 

Тој имал средби со претставници на службите на земјите партнери на Обединетото Кралство, за да се осигури безбедноста на Западот. Од 90-тите години на минатиот век, во тој круг влегла и Чешка.

 

„Респект“ укажува дека неодамнешниот обид да се отруе Скрипал на британската територија со нервниот агенс „Новичак“, не е поврзан со неговото патување во Прага.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи