Израелските сили убија најмалку 30, а над 1500 се повредени Палестинци кај граничната ограда на Израел со појасот Газа, каде денеска, воочи отворањето на американската амбасада во Ерусалим, Палестинците се собираат на голем протест.
Израелската армија соопшти дека повеќе од 12.000 жители на Газа демонстрираат на 12 различни локации долж границата, а илјадници други се собираат на неколку стотина метри од оградата. Демонстрантите палат гуми, фрлааат камења и се обидувааат да дојдат до безбедносната ограда. Неколку запалени змејови беа насочени кон Израел. Едниот паднал во поле во близина на Мефалсим, предизвикувајќи пожар. Израелските пожарникари и екипите за итни случаи се на местото на настанот.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 1.600 лица се повредени и оти голем дел од загинатите се уште не се идентификувани, јави Си-Ен-Ен. Медиумите известуваат дека се слуша рафално огнено оружје, а очевидци соопштуваат дека израелски тенк се движел кон оградата во пограничната област Малака. Повредени има и откако израелски беспилотни летала испуштиле солзавец над толпата демонстранти.
Се очекува во текот на денот протестите да ескалираат на 70-годишнината од основањето на Израел, а ширум Појасот Газа од звучниците на џамиите Палестинците се повикуваат да се приклучат на таканаречениот „Голем марш на враќање“.
Протестот е дел од кампањата за уривање на блокадата на границата меѓу Израел и Појасот Газа која трае веќе 11 години, но и протест против денешното отворање на американската Амбасада во Ерусалим после одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја пресели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим и откако го призна Ерусалим за главен град на Израел.